Катастрофалниот земјотрес кој ја погоди утринава индонезиската провинција Ачех, однесе 99 животи. Речиси 300 лица се повредени, од кои 73 се во тешка состојба.
Урнати се и најмалку 125 згради, 105 продавници и 14 џамии.Округот Пидие Џаја, беше најсилно погоден од земјотресот- куќи и згради се сраменти со земја.Земјотресот бил почувствуван по 5 часот по локално време со епицентар на 18 километри североисточно од Мидае Џаја, на длабочна од 10 километри.