Владејачката ВМРО-ДПМНЕ бараа простории под кирија за да го смести централниот штав откако почна со рушење на зградата во која претходно беше сместено партиското седиште. Од партијата за Вест велат дека во моментов функционираат во мини штаб сместен во Центарот за коумникации.
“Партијата бара простории под кирија, а во меѓувреме ги користи просториите во Центарот, како мини-штаб”, велат од ВМРО-ДПМНЕ за Вест
Весникот пишува дека на местото ќе никне 10 катна зграда. Како што веќе објавија од ВМРО-ДПМНЕ, тие уште минатата година распишале јавен оглас за избор на најповолен соинвеститор кој ќе изгради зграда на земјиштето кое е во сопственост на партијата и ќе и отстапи 30% од објектот