Фото: Во ова село сите боледуваат од слепило


Малото село Паран е сместено на околу четири часа возење од перуанската престолнина Лима. Многумина од околу 360 жители боледуваат од наследно слепило.slepi-selo-300x199
Селаните никогаш не добиле медицинска потврда за причината на слепилото од коешто боледуваат околу 75 жители, најмногу мажи.
Се верува дека станува збор за заболување што се пренеусва генетски од генерација на генерација, коешто го предизвикува ретинитис пигментоса (retinitis pigmentosa), феномен попознат како „поглед низ тунел“.slepi-selo2-300x199

Се уште не е пронајден лек за слепилото, кое најмногу се манифестира кај момчињата на возраст од седум години, кои во текот на денот гледаат послабо додека навечер не гледаат никако. Паран е тивко место, оддалечено од градските метежи. Селаните најголемиот дел работат на големи планатажи со овоштарници од каде ги берат најслатките перуански праски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1