Во изминатите три години, поднесени биле од 40 пријави за сексуално злоупотребување во „Училиштето за обука на девојчиња во Парамати“ во периодот 1961 и 1973 година.
По 55 години, 50-на жени одлучиле да проговорат за силувањата и сексуалните злоупотребувања на кои биле изложени во некогашното училиште за проблематични девојчиња во Парамати (Сиднеј. Училиштето работело во периодот од 1887 до 1973 година.
Истрагата за овој случај е фокусирана на двајца од тројца поранешни функционери на училиштето кои се уште живи.
Осомничените се Френк Валентајн, кој денес живее во Бризбејн и Ноел Гринвеј, кој живее во Сиднеј.
Полицијата во вторникот им упатила повик на сведоците и поранешните членови на персоналот на училиштето да изнесат сè што знаат за овој случај, а во рамките на 44 налози за претрес биле запленети илјадници историски документи.
Валентајн и Гринвеј ги негираат обвиненијата и изјавиле дека нема да сведочат пред Кралската комисија.