На барање на Основното јавно обвинителство Тетово за собирање информации по „допрен глас“ за давање поткуп на поголем број граѓани за да гласаат за еден од кандидатите за градоначаник на општина Тетово, СВР Тетово вчера спроведе повеќе оперативни активности.
-Со соодветна судска наредба, извршен е претрес во нотарска канцеларија на М.И (63), лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово, при што со потврда одземен е нотарски уписник за заверки и 175 заверени изјави од граѓани за зачленување во Партијата за демократски просперитет со седиште во Тетово.
Нешто подоцна, приведени и задржани се четири лица од Тетово: А.М.(40) од кого се одземени 16 банкноти по 10 евра, потоа А.К.(28) кај кого се пронајдени и одземени 4 банкноти по 10 евра, Н.Т.(32) и В.Х.(28), во чие возило се пронајдени 14.060 евра, односно 653 банкноти по 20 евра и 5 банкноти по 200 евра. Покрај четворицата приведени, повикан е и Ќ.Л.(77), исто така, од Тетово, разговарано е со него, по што е пуштен, како и нотарот М.И, соопштуваат од МВР.
СВР Тетово превзема мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости околу овој случај, а против четворицата приведени и задржани, кои се сомничат за „поткуп при избори и гласање“, ќе биде поднесен Посебен извештај.