Голема забава, водени лудории, игралиште за одбојка на плажа…Воениот базен кој од оваа сезона е во ново руво нуди забава за сите.Картата чини 200 денари, децата до 12 години ќе биде 100 денари, а за најмалите- дечињата до 6 години влезот ќе биде бесплатен.
Базен во Аеродром ќе понуди и летни школи за пливање, ватерполо тренинзи, необични спортови во вода и постојана анимација за посетителите.
Покрај пливачките летни школи, натпреварите во одбојка и тимски игри, менаџментот на базенот од оваа година ќе стави акцент на организација на работењето со граѓанскиот сектор. За таа цел се воведени повеќе капацитети за опуштање на посетителите, поставени се повеќе ареи за седење и одмор, како и креирање на детско игралиште за најмалите.
Курир