Вооружен маж денес отворил оган во кино во градот Фирнхајм во западна Германија. Во пукањето повредени се меѓу 20 и 50 лица, јавуваат локалните медиуми.
Од германската полиција соопштиле и дека опасноста поминала, пренесуваат германските медиуми.
Вооружен маскиран маж опладнево отвори оган во кино во Фирнхајм, западна Германија. Последните информации говорат дека повредени се 25 лица откако напаѓачот почнал најпрво да пука, а потоа фрлил и солзавец. Голем број посетители успеале да побегнат.
Мотивот за нападот не е познат. На лице место се наоѓаат голем број полицајци кои ја затворија областа околу кино комплексот Кинополис, а местото го надлетуваат и хеликоптери.