ФОТО: Вооружен напад во кино во Германија, десетици повредени


Вооружен маж денес отворил оган во кино во градот Фирнхајм во западна Германија. Во пукањето повредени се меѓу 20 и 50 лица, јавуваат локалните медиуми.

Од германската полиција соопштиле и дека опасноста поминала, пренесуваат германските медиуми.germanija-pukanje-640x432

Вооружен маскиран маж опладнево отвори оган во кино во Фирнхајм, западна Германија. Последните информации говорат дека повредени се 25 лица откако напаѓачот почнал најпрво да пука, а потоа фрлил и солзавец. Голем број посетители успеале да побегнат.

Мотивот за нападот не е познат. На лице место се наоѓаат голем број полицајци кои ја затворија областа околу кино комплексот Кинополис, а местото го надлетуваат и хеликоптери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1