Оваа фотографија кружи на Интернет и го освојува регионот. Истата е доказ дека сите заедно можеме да пребродиме се.
По тешките поплави кои ги зафатија Србија и БиХ земјите од регионот први испратија помош и спасувачки екипи и организираа голем број хуманитарни акции, на кои се собраа дополнителни средства за настраданите граѓани.
Балканците ја покажаа својата сплотеност, со заеднички сили се справуваат со тешките последици од поплавите и собираат средства за најзагрозените.