ФОТО: Жртвите од ебола скапуваат на улица


Телото на млад човек е исфрлено на улица, каде почнало да скапува, пред очите на минувачите и децата. Тој е само една од многуте жртви на ебола, кои роднините ги исфрлаат од куќите од страв да не се заразат од смртоносниот вирус.

ebola454

Според министерот за информирање на Либерија, Левис Браун, мештаните почнале да ги исфрлаат телата на улица од страв дека нивното чување во куќите ќе го зголеми ризикот од заразување.

– На тој начин ги изложуваат на ризик и себе и другите. Ги замоливме луѓето да ги остават телата дома и ги известивме дека ќе ги земеме во најкраток временски рок, наведе Браун

Многу жртви се заразиле преку контакт со други жртви, до што доаѓа заради традициите на погребување.Еболата предизвикува крварење од очите и устата и до сега зема околу 900 животи во Африка. Минатата недела владата во Либерија донесе строги мерки за спречување на ширењето на вирусот, меѓу кои и затварање на училиштата, ставање на куќите на жртвите под карантин и непрекинато пратење на здравствената состојба на нивните најблиски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1