Русија забрани увоз од земјите што и наметнаа санкции


Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска го потпиша указот за примена на одделните специјални економски мерки за гарантирање на безбедноста на Руската Федерација, соопшти прес-службата на Кремљ

06082014192041_rusijaКако што јави ИТАР-ТАСС, со овој документ на органите на власта во Русија им се укажува во своите активности да се раководат од тоа дека во следната една година од влегувањето во сила на денеска потпишаниот указ, им се забранува или им се ограничува вршењето на надворешно-економски операции, што предвидува увоз на одделни видови земјоделски производи, суровнини и прехранбени продукти на територијата на Руската федерација, а кои доаѓаат од земји што ја прифатија одлуката за воведување економски санкции против руските правни или физички лица или се приклучија на таквата одлука.
Претседателот и наредил на Владата да состави список со видовите земјоделски производство, суровини и прехранбени продукти што се опфатени со указот, а, исто така, и да состави список на конкретни мерки неопходни за реализација на овој документ.
Владиниот кабинет треба да донесе и мерки за гарантирање на избалансираноста на стоковиот пазар и да не дозволи забрзано зголемување на цените на земјоделското и прехранбеното производство, како и заедно со највисоките органи на извршната власт на субјектите на Руската Федерација да организира оперативен мониторинг на стоковите пазари и контрола врз нивната состојба.
На Владата и се препорачува, доколку е неопходно да поднесе предлог измени на рокот на важење на забраната, предвиден со указот. Указот влегува во сила од денот на потпишувањето.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1