2 метри висок, 100 килограми – ова е монструмот кој ја уби Тијана


Утрово е пронајдено безживотното тело на Тијана Јуриќ која исчезнала ноќта помеѓу 25-26 јули.

Осомничен за нејзиното убиство е месарот Драган Ѓуриќ (34).

-Нашата надеж беше дека ќе ја најдеме Тијана жива, но сме задоволни што полицијата го уапси осомничениот за овој грозоморен чин. Поради вакви монструми ми е жал што Србија ја укина смртната казна. Изгледа дека нашиот народ не бил спремен за ваквиот тек на европската цивилизација, кога ја укина смртната казна, изјавил министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Вчера било пребарано местото каде Тијана последен пат била видена жива, пренесува Телеграф.рс.

dragan-djuric_ff-Осомничен за убиството на Тијана е Драган Ѓуриќ од Сурчино кој во тоа време бил Бајмок најпрво ја удрил со автомобилот и ја повредил. Потоа ја фатил за врат и ја фрлил во возилото по што ја одвел во атарот каде што ја убил. Осомничениот ја соблекол гола, ја одвел на 10 километри од Сомбор и ја закопал покрај патот, дообјаснил министерот.

Полицијата го пронашла осомничениот кој мирно си го сечел месото во месарницата во Суричино и се однесувал како ништо да не се случило.

-Тоа е нечовечко однесување без тронка каење. Го набљудувавме околу 2-3 часа по што го уапсивме. Осомничениот беше тестиран на полиграф и падна на сите прашања, со што нашите сомнежи се потврдија, заклучил Стефановиќ.

Осомничениот Драган Ѓуриќ (34) освен што се претпоставува дека го извршил монструозното убиство, тој и физички е „монструм“ висок околу 2 метри и тежок над 100 килограми а се претпоставува дека вечерта на несреќата бил пијан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1