Сите оние кои вчера ја посетија страницата Flightradar24.com сигурно помислиле дека нешто не е во ред со овој сервис кој ги покажува рутите на авионите во светот. Имено, авионот Ер Малта кружел околу овој остров и исцртал срциња во воздухот.
Веројатно и контролорите на летот помислиле дека им се привидува кога ги виделе срцињата на екранот, но со „ербас“ A319-111 се е во ред.
Двете срца кои се преклопуваа биле подарок на оваа компанија за нивните членови на екипажот, пилотот и стјуардесата, кои вчера се венчаа во авионот. На летот присуствуваа членовите на нивните семејства и пријателите.
Чарлс Борг Џулијано е долгогодишен капетан на Ер Малта, а Јулија Лин Слибо е стјуардеса во истата компанија.