Една стриптизета се пофали на интернет колку заработува во една смена како реакција на тоа што луѓето постојано ја прашувале зошто со стриптиз заработува во живот.
Бидејќи јавно го презентираше својот бакшиш, коментарите преброија дека заработила точно 3.345 долари во различни банкноти, што значи дека само со три смени во месецот може да заработи годишно 120.000 долари само од бакшиш.
Стриптизетата им напиша на душебрижниците: “Од сега натаму на сите оние што ме прашуваат зошто сум стриптизета, ќе им ја покажам само оваа фотографија (еден работен ден)”.
Таа вели дека не може да крене глава од понуди за брак и може да се омажи за кого сака. Работи по неколку часа кога сака, со парите студира…
Стриптизетата е искрена па додава дека овој ден работела дупла смена, а обично заработува од 500 до 1.500 долари на смена. Благодарение на оваа работа таа завршила технички колеџ, но тешко дека наскоро со дипломата ќе ја бара среќата, токму поради веќе споменатиот бакшиш.