Фотографијата на Милошоски на Олимп стигнала до Европскиот парламент


Фотографијата на која поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски го вее знамето на Вергина на Олимп, стигна и до Европскиот параламент.

Имено, Грчки пратеник ја испратил до своите колеги во Европскиот парламент со писмо во кое ја осудува ваквата постапка.Screenshot_49

Милошоски изјавил дека нему му се јавиле пратеници од Брисел и му кажале за потегот на грчкиот пратеник. Сепак, тој не знае кој грчки пратеник ја испратил фотографијата, но вели дека постапката на пратеникот предизвикала потсмев кај европските колеги.

Милошоски викендов со група планинари се качи на Олимп и го развиори знамето на Вергина.

По ова следуваше реакција од портпаролот на грчкото МНР, кој иронично му се заблагодарил на Милошоски што ја посетил Грција и што се сликал со грчките симболи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1