Француската полиција бара борец на ИСИС скриен помеѓу бегалците


Француската полиција добила наредба да пронајде и уапси борец на ИСИС кој е на листата на радикалните исламисти. Тој се вратил  во август од Сирија  и се крие помеѓу бегалците во Калаис, а наводна цел му е илегално да влезе во Велика Британија за да изврши терористички напад.bura-od-migranti-630x315

Француските медиуми пишуваат дека полицијата верува дека осомничениот живее помеѓу 3500 бегалци во импровизираниот камп познат како “Џунгла“ за кој француските власти најавија дека кон почетокот на идната година ќе стане официјален камп за бегалците со 1500 места.

Листата на потенцијалните терористи вклучува 500 имиња кои се пријавуваат на власите кога ќе ја поминат идентификационата проверка, на пример кај проверка на аеродром и слично. Податоците вклучуваат идентитет, фотографија, причина зошто личноста е на листа и како да се однесува доколку се идентифицира личноста.

Не е познато точно  како француските власти дознале за присуството на овој борец на ИСИС, но полицијата има наредба да го фати. Локалните власти одбиле дадат коментар, но го негираа претходното известување за тоа дека околу 40 детективи влегле помеѓу бегалците во Калаис за да го пронајдат потенцијалниот терорист.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1