Француската тајна служба вршела притисок за повлекување на текст од Википедија


 Фондацијата Википедиа ја обвини Централната дирекција за внатрешно разузнување (ДЦРИ) дека вршела притисоци со „закани“ за повлекување на една статија објавена на бесплатната веб енциклопедија Википедија, која според ДЦРИ ја загрозувала националната безбедност на Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

agentiМинистерот за внатрешни работи на Франција, под чија надлежност работи ДЦРИ, ја оспори оваа верзија на Фондацијата Викимедиа. „Во една правна држава, не може да се асимилира покренување на судска постапка со закана“, која е покрената за еден дел од статијата која претставува закана за националната безбедност.

Статијата се однесува за еден текст објавен на 24 јули 2009 година посветен на една воена станица за радио преноси во Пи-де-Дом. Статијата по краткото повлекување од интернет денес е повторно достапна за читателите.

Фондацијата Викимедиа, која е со седиште во САД и која ја поседува Википедија, објаснува дека дури побарала на 4 март повлекување на текстот. Француската тајна служба утврдила дека во статијата има информации кои се класирани „воена тајна“ и дека објавувањето на вакви информации го кршат кривичното право.

wikipedija

Фондацијата побарала повеќе информации од ДЦРИ, која одбила да ги даде и барала целосно бришење на текстот, што Википедија не го направи. Според Министерството за внатрешни работи спорниот дел од текстот се однесува на организацијата на нуклеарните компоненти на француската одбрана.

ДЦРИ на 30 март контактирала еден од волонтерите кој живее во Франција и инсистирала како администратор на веб страницата, да го избриши спорниот текст, кој под закана тоа го направил, објаснува Викимедиа Франс.

Француското Министерство за внатрешни работи се брани дека лицето го повлекло текстот, откако по барање на обвинителството тоа било предупредено дека против него можат да биде отворена судска процедура, како правно лице одговорно за Википедиа Франс. Волонтерот според асоцијацијата иако немал врска со содржината на текстот, добил закана дека ќе биде притворен и обвинет. Во текот на викендот, страницата со спорниот текст повторно е вратена на интернет од еден волонтер со седиште во Швајцарија.

Откако оваа вест проструи на интернет, статијата за еден викенд беше посетена 76.000 пати, што ја прави најпосетена на Википедиа.фр, по што беше преведена и на англиски јазик.

mia

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1