Претседателката на француската крајна десница , Марин Ле Пен протестираше денеска против одлуката на судот , кој бара психијатриско вештачење , затоа што во јануари 2015 на Твитер објавила фотографии од егзекуција на џихадистичка група на ИД.
,, Ова е застрашувачко. Овој режим навистина почнува да шири страв.” , напиша денеска Ле Пен на Твитер, заедно со одлуката на судот за вештачење.
Одлуката е донесена на 11 септември, а ја донела судијка , која води истрага во која Ле Пен е обвинета за објавување насилни снимки. Судијката бара вештачењето да се изврши што побргу.
Со вештачењето ќе треба да се утврди дали поранешната кандидатка за претседател на Франција е способна да разбере што и се зборува и да одговара на прашања , како и дали прекршокот за кој се товари е поцрзан со фактички и биографски податоци за неа.
Психијатарот , по налог на судот ќе треба да утврди и дали Ле Пен , чија партија се изедначи по популарност со социјалдемократите и е далеку пред партијата на Макрон, е опасна за средината.
Ле Пен денеска изјави дека нема да оди на вештачење. ,,Би сакала да видам како ќе ме натера судот на тоа.“, изјави претседателката на француската крајна десница.