Француски сенатор го пријави имотот – има само едно магаре!


Откако вчера францускиот премиер Жан-Марк Еро побара сите министри и пратениците да доставатт анкетни листови со кои ќе го пријават сиот свој имот, сенатор Кристијан Буркен од јужниот француски департмент Источни Пиринеи, на својот блог објави дека тој има само едно магаре.

donkey1-564x272„Не поседувам ништо, а куќата во која живеам им припаѓа на моите деца. Немам ниту сметка во банка, освен тековна сметка која често е на нула кон крајот на месецот. Целиот мој имот се сведува на едно каталонско магаре со предигре, старо осум месеци“, напиша Буркен кој додаде и дека е нормално во време на финансиски скандали да се пријавува имотот на политичарите.

„Транспарентноста е гаранција за демократијата и добро функционирање на институционалниот систем“, наведува Буркен.

Француската влада побара донесување нов закон со кој сите политичари ќе го пријават имотот поради штетите предизвикани од аферата со поранешниот министер за буџет Жером Каизак, обвинет за затајување на данок.

фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1