Најоптимално решение за името би било да се преговара за името Горна Македонија, смета проф. Љубомир Фрчкоски.
Според него во овој момент тоа прашање не може да се отвори заради создадената атмосфера во државата и одбивањето на премиерот да ја преземе таа одговорност, јавува А1Он
Не Горна Република Македонија, за нас е клучот Горна Македонија, тоа е ознака на државата. Тоа прави разлика, ова другото е зафрканиција. Кај идентитетот ние мора да се држиме до Македнци за јазикот и нација, тука нема дилема. Меѓутоа има дипломатски варијанти како тоа ќе го решат, дали со фуснота македонски, па доле ќе објаснат дека овие Македонци се од Горна Македонија или различно ќе ги пишуваат на кирилица и латиница – не знам, за тоа се преговара.
Video – A1On