Фрлени молотови коктели на семејниот дом на Петра Еклстон


Двајца непознати напаѓачи фрлале молотови коктели на семејниот дом на ќерката на основачот на Формула 1, Берни Еклсотон, Петра Еклстон, вреден 66 милиони фунти, јавуваат британските медиуми.Petra eklsotn

Петра, нејзиниот сопруг Џејмс и нивните три малолетни деца не биле во својот дом за време на нападите.

Напаѓачите биле снимени со безбедносни камери, а 27-годишната наследничка и нејзиниот сопруг Џејмс Стант (34) се згорзени од овој настан и се во шок, но среќни се што во тој момент нивните деца не биле во куќата, изјавил близок извор на двојката.

Петра и Џејмс се венчаа во 2011 година. Пред тоа, нејзиниот татко го прочешлал неговото минато и не нашол ништо сомнително. Двојката има три деца, ќерката Лавинија (3), и едногодишните близнаци Џејмс Роберт Фредерик Џуниор и Ендрју Кулбира.

– Нападот е дел на некој на кој не му се допаѓа животниот стил на двојката – изјавил портпаролот на Стант пренесува „Дејли меил“.

Берни претходно ги критикувал своите ќерки Петра и Тамара (31) поради тоа што трошат пари на луксзуни автомобили, прескапи вили и дизајнерска облека.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1