Најмалку 32 лице се повредени во неделата во раните утрински часови во дискотека во градот Велика Кладуша во западна Босна, кога маж активирал експлозивна направа, потврди локалната полиција.
Според извештајот на Радио-Телевизија Босна и Херцеговина (БХРТ) нема смртно настрадани, меѓутоа едно лице е во критична состојба. Повеќето повредени морале да побараат лекарска помош.
Инцидентот се случил околу 4 часот наутро во дискотеката „Екс” којашто во тоа време била полна со гости.
Полицијата го идентификувала и уапсила извршителот на нападот и во моментов се утврдуваат неговите мотиви. Според достапните информации, станува збор за лице коешто веќе има криминално досие.
Напаѓачот бил евидентиран како извршител на тешки разбојништва, а само пред извесно време бил пуштен од затвор.
Во истрагата се ангажирани сите полицајци од криминалистичкиот оддел на Министерството за внатрешни работи на Унско-санската жупанија