Фросина Ременски седна во министерската фотелја


Денеска Фросина Ташевска-Ременски ја презеде должноста министер за труд и социјална политика.

frosina remenski

Ременски го започна првиот работен ден со средби и состаноци со вработените со цел запознавање со тековните работи во Министерството за труд и социјална политика.

На средбата присуствуваа и дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов и заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими при што разговараа за актуелните состојби во Министерството и исполнувањето на законските надлежности.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1