Фудбалер на Арсенал сакал да силува таксист


Нов испад на данскиот репрезентативец и член на Арсенал, Никлас Бендтнер. Како што пренесуваат данските медиуми, во вторникот вечерта Данецот се пијанчел во својата татковина, додека неговите соиграчи беа елиминирани од ЛШ од Баерн Минхен.

Nicklas BendterЛокалниот таблоид “ТВ” објави дека 26-годишниот фудбалер го навредувал и му се заканувал на возачот на таксито со кое се возел. Инцидентот се случил во областа Норебро на престолнината Копенхаген.
Под влијание на алкохол, Бендтнер ги соблекол пантолоните и му викал на возачот “Мала кучко” и “Сега ќе те е..м”.

По ова играчот го извадил каишот и почнал да удира со него по автомобилот.

– Веќе 25 години возам такси и сум имал многу пијани клиенти, но вакво нешто ми се случува за прв пат коментирал возачот, кој ја известил полицијата за случката.

Бендтнер често се наоѓа на страниците од жолтиот печат. Пред извесно време тој беше уапсен зашто го кршел мебелот во апартманот во Хертфордшир. Во друг случај фудбалерот беше фатен како пијан проси пари за пица.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1