Фудбалер со големо срце: Фалкао спаси живот на младо момче


Радамел Фалкао ја покажа својата хуманост и великодушност на дело, токму како и бројно негови колеги фудбалери.

Колумбиецот му го спаси животот на едно 17-годишно момче, кому му беше неопходна итна трансплантација на срцето.

Moмчето Џон Андре Ујабан повеќе од две години чекал на листата за трансплантација на нов орган, но во изминатиот период неговата здравствена состојба драстично се влошила, а лекарите не му предвидуваа уште многу од неговиот живот. Дополнителен проблем претставувала и ретката крвна група која ја има овој тинејџер.falkao

Сепак, неговата мајка пред три месеци некако успеале да стапи во контакт со светската фудбалска ѕвезда и асот на Манчестер јунајтед, Радамел Фалкао, кој веднаш прифатил да помогне, па и тој почнал да бара ново срце за младото момче.

Неговата потрага успеала и по три месеци било најдено ново срце, а неделава беше извршена трансплантацијата и Ујабан за 20-ина дена ќе биде пуштен на домашно лекување.

Хелена Фернандез, мајката на 17-годишното момче, за колумбиските медиуми зборуваше за херојскиот потег на Фалкао.

„Кога му објаснував за што се работи, во истиот момент ми кажа дека ќе се обиде со сите средства да најде ново срце. Не знам како успеа во тоа, и од каде е новото срце, но тој успеа да му го спаси животот на мојот син. Фала му на Бога што сѐ мина најдобро“, изјави Хелена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1