Откако 48-годишниот аргентински судија Цезар Флорес го исклучил фудбалерот поради удирање на противникот, играчот го напуштил теренот, го земал пиштолот од торбата, се вратил назад и го застрелал судијата три пати во главата, градите и вратот. Друг играч, 25-годишниот Валтер Зарате исто така бил застрелан во градите, но се опоравува од повредите во болница.
Полицијата го потврди настанот.
Аргентинскиот фудбал долго време се соочува со насилство бидејќи е управуван од банди кои го контролираат. Во 2013, аргентинската невладина организација „Да го спасиме фудбалот“ објави дека повеќе од 70 лица се убиени во насилства поврзани со фудбалската игра од 2000-та година до денес.
Насилството врз судиите исто така не е невообичаено: во јуни минатата година еден натпревар бил прекинат откако играч со тупаници онесвестил судија поради доделен жолт картон.