Фудбалерите се вратија дома – на Блаце пречекани од премиерот Заев


Македонската фудбалска репрезентација која обезбеди историски пласман на Европското првенсто, во раните утрински часови беше пречекана од премиерот Зоран Заев.

– Голема е радоста што вечерва ја преплави целата земја. Оваа радост ја донесоа македонските фудбалски јунаци кои ги оставија срцата на теренот во Тбилиси и донесоа победа која македонската историја не ја памети до сега, со што Македонската фудбалска репрезентација ќе учествува на Европското фудбалско првенство. Целата држава, сите македонски граѓани ја споделуваат радоста за успехот на фудбалската репрезентација.

Еден гол за сите, една победа за сите!

Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина. Ова покажува дека само заедно можеме еден за сите, сите за еден. Јас и првиот вицепремиер Артан Груби сме овде да ја споделиме радоста и да ви укажеме чест и да ви соопштиме дека во името на Владата и на граѓаните, сите членови на фудбалската репрезентација ќе бидат наградени со по 10.000 евра.

Заблагодарувајќи се на дочекот во раните утрински часови капитенот на репрезентацијата Горан Пандев потенцира дека верувал од почеток во својот тим и дека ова е голема радост.

-Доживеав на 38 години да одам на Европско првенство и тоа е мојата најголема радост. Знам дека поминавме долг пат за да дојдеме до ЕП, но верував во овие момци уште од самиот почеток, дечките навистина го заслужија ова и на крајот и ние фудбалерите конечно се израдувавме на Европско првенство. Сонот ни се оствари и се уште не сме свесни што направивме и колку е ова навистина огромен успех. Знам дека ке бидеме изненадување и на првенството, верувам во овој тим порача Пандев.

Ова е успех достоен за големо славење, но должен сум да апелирам и да замолам и вие да го направите истото и да апелирате и во овој момент да се почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19 кои забрануваат собири, изјави Заев.

Македонскиот национален тим синоќа во баражот во Тбилиси ја совлада Грузија со 1:0 со голот на Горан Пандев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1