Фудбалерот Андреј Лазаров подлегна на повредите – спасуваjќи животи, се задушил од чадот!


Андреј Лазаров, членот на ФК Шкупи, им подлегна на повредите додека беше хоспитализиран во болница по синоќешниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Скопскиот тим претходно објави дека тој е хоспитализиран во болница во Штип. Сепак, Лазаров подлегнал на повредите, заради изгореници и вдишување на чад. Имаше 25-години.

Од редовите на Шкупи ја потврдија трагичната вест за смртта на фудбалерот Андреј Лазаров кој животот го загубил обидувајќи се да помогне во хаосот кој се случувал во дискотеката „Пулс“.

Како што информираат од Шкупи, Лазаров во дискотеката помагал на останатите присутни да се извлечат, но на крајот се задушил во чадот.

„Лазаров го загуби животот обидувајќи се да им помогне на другите да се спасат од просторот зафатен од пожар. Тој се задуши од чадот за време на неговите обиди да спаси животи, покажувајќи храброст и хуманост до последниот момент.

Неговиот херојски чин засекогаш ќе остане во нашето сеќавање, како сведоштво за неговиот благороден карактер и неговото големо срце“, објавија меѓу другото од Шкупи.

Лазаров го загуби животот на 25-годишна возраст, а во кариерата настапуваше уште за Металург, Работнички, Тиквеш, Рудеш и Горица.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1