Англискиот фудбалер Адам Џонсон (28) неодамна беше осуден на шест години затвор поради сексуален чин со 15-годишна девојка, а сега во затвор чисти ќелии за 14 евра, јавуваат британските медиуми.
Поранешниот репрезентативец на Англија и играч на „Манчестер Сити“ е осуден за заведување и непримерен физички контакт со малолетничка.
Затвореник под име Чарлс за британските таблоиди изјавил дека видел како Џонсон неодамна бил сексуално злоставуван од страна на другите затвореници. Животната приказна на Џонсон сигурно во иднина ќе послужи како добро сценарио за некои од холивудските филмови. Тој имал се : слава, пари, семејство, а потоа по своја вина почувствувал што значи животен пекол.
Поранешниот репрезентативец на Англија, минатата недела е осуден на затворска казна во траење од шест години поради сексуален чин со малолетна личност.
Англиските медиуми пишуваат дека Џеонсон се сместен во делот на затворот наменет за сексуални затвореници. Во следниот период тој ќе ја извршува функцијата на затворски чистач.
Поранешниот играч на Сандерленд кој заработуваше по 76.000 евра неделно, во затворот работи ќе ги чисти ќелиите за 14 евра неделно.
Клубот Сандерленд по пресудата на фудбалерот веднаш го раскина договорот со него, а англсикиот фудбалски сојуз му ги избриша сите настапи за репрезентацијата.