Фуере: Треба да се укине правото на вето на Грција во однос на Македонија


Ерван Фуере, поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија откако се пензионира нема никаков проблем нашата земја да ја нарекува Македонија и уште повеќе, да бара да се укине правото на вето на Грција во однос на приемот на Македонија во Унијата, објави порталот МКД.МК.

Како што пишува порталот, откако Ерван Фуере замина во пензија, сега во улога на пензионер и експерт за европски прашања држи предавања за неговите искуства.fuere

На едно такво јавно обраќање во Центарот за европски политички студии (ЦЕПС) од Брисел не му пречеше Република Македонија цело време да ја нарекува Македонија.  Освен тоа, на големо изненадување, Фуере рече дека ЕУ не треба веќе да бара согласност од Грција за наредните одлуки за Македонија. Евроамбасадорот Фуере конечно заклучи дека  практиката на носење на одлуки со консензус околу преговорите и членството само придонесува за имиџот на двојни стандарди на Унијата.

– Расчистувањето со принципот на едногласност во Советот околу прашањата со проширувањето треба да се разгледа како можност… ЕУ треба да сфати дека во прашање се доведува кредибилитетот на процесот на проширувањето затоа што поедини земји-членки продолжуваат од процесот да прават земји заложнички од билатералните проблеми и ги доведува во прашање принципите на фер одлуки, смета Фуере, а како илустрација за ова ги наведува примерите на Кипар и Турција и на Грција и Македонија.

Фуере оценува дека овие вета се неодбранливи.

– Ова им оди во прилог на националистичките планови во земјите кои имаат многу повеќе врска со минатото отколку со утрешна Европа, вели тој.

Пензинираниот евроамбасадор на новоата Еевроспка комисија ѝ препорачува ова прашање сериозно да го отвори и да креира механизам за надминување на овој проблем.

Фуере исто така препорачува да престане да го користи бирократскиот речник во извештаите за земјите кандидатки и да престане да ја употребува реченицата „политичките критериуми и натаму се задоволително исполнети“ кога тоа не ја одразува реалноста на теренот. Фуере смета дека ЕУ треба да преземе посериозна улога во однос на одбраната на слободата на медиумите, дека ЕК треба многу почесто и погласно да реагира кога има повод за тоа и да обезбеди пари за истражувачко новинарство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1