Функционер снимен како претепува жена на паркинг (ВИДЕО)


Локалниот босански функционер Драган Васиљ , поднесе оставка на функцијата откако на социјалните мрежи се појави видео како претепува жена на паркинг.

Функционерот , кој бил снимен од безбедносната камера на паркинг како ја тепа жената , се обидел да објасни што се случило.

,, Не сакам да се првадам , зашто нема оправдание , но сакам да се знае вистината. Таа жена веќе пет дена се паркира покрај пансионот и така што другите возила мора да се провлекуваат за да поминат. Не може да влезат ниту минибуси , ниту колата на Итната помош , која требаше да однесе сосед во болница.” , напиша функционерот на Фејсбук.

Жената му покажала среден прст и тогаш збеснал и не можел да се контролира. Почнал да ја тепа жената , иако и таа се бранела и му удрила шлаканица. Тој има траги од насилство на лицето , така што , откако жената му поднела кривична пријава , и тој ќе го направел истото.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1