Поранешниот грчки директор за набавка на оружје во Министерството за одбрана Антонис Кантас вратил дел од митото кој го примил додека ја извршувал функцијата
Тој е првиот грчки функционер кој признал дека земал мито во врска со склучување на големи договори за вооружување со странските компании од Германија, Франција, русија, Бразил и Шведска, пренесува Ројтерс. Со истрагата биле пронајдени 13,7 милиони евра во една сингапурска банка, по сведочењето на Кантас, кој бил на должност од 1997 и 2002 година.
Еден од двајцата осомничени е и претставник на германска компанија Дмитрис Папахристос (78), кој бил успасен во понеделникот. Неговиот адвокат изјавил дека тој има тешко заболување, како и дека „пати“ од амнезија.