Македонски поп свири труба – има и моторџии – поглаварот пак ни е екс фудбалер


Фудбалери, параглајдеристи, моторџии и вљубеници во музиката и во сликарството. Ова се само дел од преокупациите со кои во слободното време се занимаваат свештениците, монасите и владиците на Македонската православна црква-Охридска архиепископија. Покрај секојдневните проповеди во црквите и во манастирите и вршењето на свештеничката или владичката дејност, тие имаат и свое хоби, односно некаква занимација со која го исполнуваат слободното време, Пренесува Нова Македонија .

fudbal[58]Голем дел од нив знаат да ја заменат мантијата и со спортска опрема, а некои, пак, срамежливо откриваат дека во минатото биле спортисти, како и талентирани уметници.

Архиепископот Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА, бил поранешен фудбалер. Но таа пасија продолжила да го окупира и откако ја облекол и владичката мантија. Неговите блиски соработници велат дека и сега не пропушта да погледне фудбалски натпревар, особено италијанското првенство и Лигата на шампионите.

Г.г. Стефан оди и на театар. Ги гледа сите премиери на театарските претстави.

Владиката Тимотеј низ смеа кажува дека во слободно време редовно чита книги. Покрај стручната литература, неговото внимание го задржуваат книжевните класици

Според информациите од МПЦ-ОА, владиката Пимен е параглајдерист и вљубеник во музиката. Во слободното време свири на клавир и на труба. Вели дека кога би имал повеќе слободно време, би научил да свири поголем број композиции.

Познато е дека владиката Наум пред да се замонаши бил моторџија. Но сега повеќе се ориентирал кон фудбалот и риболовот. Инаку, струмичката епархија, под чија надлежност е тој, често организира фудбалски натпревари меѓу монасите и свештениците.

Интересен е податокот дека американско-канадскиот владика е вљубеник во музиката и има колекција од над две илјади оригинални компакт-дискови со одбрана музика.

Нова Македонија

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1