Во јануари поевтинуваат СМС пораките?


Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги спушти големопродажните цени на пораките за 75 отсто, од два на половина денар. Се отвора можност и мобилните оператори да ги намалат цените на СМС пораките.

SMSЗаконската процедура која вклучува јавна расправа и предлози од операторите заврши во декември, а според законот, големопродажните цени стапуваат на сила на 1 јануари, посочуваат од АЕК.

АЕК годинава за 70 отсто ги намали цените за интерконекција во мобилната телефонија и за 30 отсто цената за пристап до најголемиот фиксен оператор.

Сите овие мерки, според Агенцијата за електронски комуникации треба да придонесат за намалување на цените за потрошувачите и пониски цени на СМС пораките во мобилната телефонија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1