Функционерот на СДСМ уапсен за примање поткуп – ВИДЕО од апсењето


Секторот за корупција при ОСОСК во соработка со СВР Куманово, во борба против организираниот криминал и корупција вчера (27.09.), по претходна пријава од страна на граѓанин, реализираше случај за коруптивно кривично дело примање награда за противзаконито влијание ,сторено од страна на службено лице В.Б.(38) од Куманово вработен како раководител на Сектор за правни, имотно правни и општи работи во општина Куманово.

Како што претходно пишувавме, се работи за Виктор Божиновски, кумашин на кумановскиот градоначалник и поранеше прв човек на СДСМ во Куманово.lokalna-kumanovo-apsenje-28.09.2014

При постапка за легализација на дограба на куќа и извршен инспекциски надзор од страна на Секторот за урбанизам и градежништво при Општина Куманово на граѓанинот му било соопштено дека треба да потпише Решение за уривање на доградба за кое граѓанинот не се согласил и не го потпишал. Под закана дека доградбата од куќата ќе биде срушена од страна на Секторот за урбанизам и градежништво при Општина Куманово, пријавениот од граѓанинот побарал 1.000 евра за да истиот посредува и издејствува да се поништи наводно изготвеното решение за уривање на безправно изградена доградба и да се донесе ново решение за легализација на доградбата.

Од страна на граѓанинот на 17-ти овој месец на В.Б. првично му биле дадени 600 евра, но пријавениот од тогаш до 25-ти, во повеќе наврати телефонски се јавувал и ги барал преостанатите 400 евра за да ја „среди работата“ односно да посредува при легализација на доградбата.

На 25-ти од страна на граѓанинот кривично – правниот настан е пријавен во МВР за што е сочинет Записник за примање на кривична пријава, веднаш потоа известен е надлежен ЈО и превземани се мерки и активности за обезбедување на докази и документирање на кривичното дело. Вчера, помеѓу пријавителот и В.Б. телефонски била договорена средба во угостителски објект во Куманово каде требало да ги прими преостанатите парични средства. На остварената средба В.Б. ги примил паричните средства во износ од 24.000 денари.

По претходно превземени оперативно тактички мерки и Наредба за вршење на претрес на лице, во 13.45 часот истиот е лишен од слобода. По извршениот претрес над лицето и ПМВ пронајдени и одземени се 24.000 денари, претходно криминалистичко технички обработени парични средствата при што В.Б. е приведен и задржан во ПС за ОН Гази Баба за понатамошна постапка.

Од страна на ОСОСК, против В.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ  до ОЈООКК Скопје. Инаку, СВР Куманово на пријавениот и предходно му има поднесувано кривични пријави за – “злоупoтреба на службена положба и овластување“

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1