Гаисер за Пресинг ТВ: Мафијашки систем работи под директна контрола на врвните политичари


Ларис Гаисер во интервју за Пресинг ТВ направено преку Фејсбук најавува објавување нови „шокантни документи“ поврзани со состојбата во Македонија, поточно за аферата „Рекет“. Тој такво нешто денес објави и на неговиот фејсбук профил.

Гаисер денес на страниците на италијанска Ла Верита објави видео и аудио снимки на кое се гледа како Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милески (Зоки Кичеец) излегуваат од домот на Орце Камчев со торби полни со неверојатни 1,5 милиони евра.

На прашањето дали евентуално бил соочен со притисоци да не ги објави материјалите, Гасиер вели:Не, немав апсолутно никаков притисок. Се обидувам од 2016 година во Италија и во ЕУ да објаснам што се случува во Македонија“.

Гасиер вели дека неговата новинарска сторија докажува „како Европската унија по поддршката за смена на власта во Македонија со цел да се намали суверенитетот, заговараше именување на специјален обвинител (Катица Јанева), која од почетокот на мандатот не само што нелегално се мешаше во политиката, туку рекетираше луѓе“.

„Мафијашки систем работи под директна контрола на врвните политичари! На политичари зад кои стојат Сорос и ЕУ. Македонија има голем проблем на патот кон ЕУ…а и самата ЕУ“, истакнува Гасиер.

-Се добива впечаток дека САД, особено по изјавата на Метју Палмер, се позаинтересирани да се расчисти аферата која го тресе СЈО. Зошто ЕУ стои понастрана?

– ЕУ е помалку заинтересирана затоа што исто така е одговорна за македонската состојба. Но, тие не можат да ја признаат својата одговорност.

Повеќе на – Pressing.tv

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1