Гарванлиев со круна од огледала на свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија


Вчера во Ротердам се одржа свеченото отворање на 65-то издание на Евровизија, на кое продефилираа сите земји учеснички на изборот за најдобра песна во Европа.

Нашиот евровизиски претставник, Васил Гарванлиев, за ваквиот настан избрал интересна модна комбинација со уникатен детаљ. Тој се појавил облечен во долг црн елек, црни панталони и блуза, а на главата носел круна направена од неколку парчиња огледало.

Гарванлиев на својот Инстаграм профил споделил и неколку фотографии од церемонијата.

„Официјално започна. Колку убаво патување досега и конечно имам прилика да запознаам некои од артистите. Ти благодарам Евровизија за овој прекрасен настан“, напишал пејачот под објавата.

Васил за официјалниот сајт на Евровизија го открил значењето зад круната од огледала.

„Огледалото секогаш ја открива вистината, без разлика дали таа е добра или лоша“, изјавил тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1