Гаши: На 12-ти април ќе се случат долгоочекуваните промени


На 12 април ќе имаме избори и тоа ќе да биде добар ден за сите, кога ќе изгрее ново сонце, особено кај Албанците, изјави лидерот на Алтернатива Африм Гаши по лидерската средба што се одржа во вилата „Водно“ на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

– Ќе треба да ги има долгоочекуваните промени и мислам дека тоа ќе биде добро за сите граѓани на државата, истакна Гаши.

Тој нагласи дека меѓу учесниците на лидерската средба немало никаква дилема дека патот по кој треба да оди земјата е залагањето за европски вредности и нив имплементација кај нас.

Гаши истакна дека партиските лидери принципиелно оцениле дека е многу важно сегашниот состав на Парламент да го ратификува и Протоколот за полноправно членство на земјата во НАТО, по што ќе треба да имаме 100 дена техничка влада.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1