Гатачка ѝ го украла семејното злато на скопјанка


Четириесет и тригодишна скопјанка била измамена во нејзиниот дом кога гатачка ѝ го зела семејното злато и побегнала. Според полицијата, настанот бил пријавен вчера во 12,30 часот во Полициската станица Гази Баба.

М.Р.(43) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 10 часот била измамена од непозната жена, која ѝ нанела штета од 60.000 денари. Жената дошла кај неа дома – прво нудела да ѝ продаде долна облека, а потоа побарала кафе, ѝ кажала дека знае да гата и побарала злато.

„Откако оштетената ѝ го донела златото (девет златни прстени, бурма, нараквица и две обетки), сторителката ѝ кажала дека за да ги отстрани лошите работи мора да оди во црква и дека ќе се врати за еден час, по што таа ги оставила обетките и нејзината стока, а златото го земала, заминала и не се вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1