Газда Грк на 80 жени од Велес не им дал плата повеќе од 6 месеци


Велешанката Александра Богданова е само една од осумдесетте жени кои лани, во ноември и декември работеле во погонот на фирмата “Замрзната храна“ во Неготино и до денес не добиле плата.

DenariБогданова вели дека досега се обиделе на сите можни начини да го натераат газдата Аврамидис Иаковас да им даде плата но, не успеале. За неа и колешките излегувањето пред камера е последна надеж дека ќе успеат да си го наплатат долгот, бидејќи една од нив не дочекала.Овие жени биле надничарки на норма. Работеле за дневница од 350 денари. Имаат и договор  кој го склучиле за работа со фирмата „Замрзната храна“, експорт-импорт чие седиште е во Скопје. Сите рекоа дека вредно работеле на обработка на замрзнати полжави во погон во Неготино што воопшто не било лесно покрај фрижидери и на минус 13 степени во ноември. Раскажаа дека безуспешни биле обидите преку државните институции да дојдат до платите а немаат пари за да тужат.

Канал 5 не успеа да стапи во контакт со газдата Иаковас од кого жените си ги барат платите и да ги одјави од фондот за здравство бидејќи не можат да се лекуваат. Единствено на телефон се јави раководителот Ѓоко кој соопшти дека имало најава за исплата на заостанатите плати најдоцна за 15 дена.

Канал 5

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1