Службенци на полициската управа во Нови Пазар, уапсиле 24 годишно лице од Тутин, поради постоење на основано сомневање дека извршил кривично дело, протиправно лишење од слобода и насилничко однесување.
Имено тој утринава околу три часот во својот хотел „Идеал“ во Тутин, по прославата на Нова Година, противправно ги лишил од слобода две лица од Нови Пазар кои вечерта работале како шанкери.
Ги затворил во собата од хотелот, ги тепал со летва и им барал 95.000 динари кои им недостасувале од касата.
Газдата доби 48 часовен притвор.