Газдата во притвор – Се затвори порталот Комуникација.мк


Порталот Комуникација.мк престана да функционира. 

boboСопственикот на сајтот Бобан Насев е осомничен за измама тешка 21.000 евра. Истражен судија му определи мерка притвор од 30 дена, откако полицијата го уапсила поради пријава од петмина граѓани, кои според полициската пријава ги измамил.

Граѓаните во полиција пријавиле дека Насев лажно се претставувал  дека е наводно висок функционер или вработен во институциите на различни министерства и дека им ветувал дека за определена сума од илјадници евра ќе ги вработи.

Плусинфо од извори во редакцијата на Комуникација.мк дознава дека сајтот се затворил веднаш после притворањето поради тоа што постоеле неплатени сметки за хостирање.

Плус инфо

Кој е Бобан Насев? – Филмска сторија зад апсењето на сопственикот на Комуникација.мк
Сопственикот на порталот Комуникација.мк во притвор – измамувал граѓани
Од затворски новинар до газда и назад – Бобo пак ќе го уредува затворскиот весник, ако дојде во штипскиот затвор
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1