Истрели од пиштол се слушнале во вторникот вечерта во парк шумата Гази Баба при расправија за пари меѓу скопјанец и жител на скопското село Арачиново, соопшти МВР.
Дваесет и седумгодишниот скопјанец В.Е. наводно му должел пари на седум години помладиот арачиновец Љ.Е, па почнале да се расправаат во вторникот вечерта околу 23 часот. Во еден момент скопјанецот извадил пиштол, по што арачиновецот почнал да бега. Додека бегал слушнал истрели, но нема повредени.
„Алфите“ го уапсиле пукачот и против него ќе биде поднесена пријава. Извршен е увид на лице место и подигната е една чаура.