Гази Баба: Му должел пари пукал кон него среде паркот


policija alfi

Истрели од пиштол се слушнале во вторникот вечерта во парк шумата Гази Баба при расправија за пари меѓу скопјанец и жител на скопското село Арачиново, соопшти МВР.

Дваесет и седумгодишниот скопјанец В.Е. наводно му должел пари на седум години помладиот арачиновец Љ.Е, па почнале да се расправаат во вторникот вечерта околу 23 часот. Во еден момент скопјанецот извадил пиштол, по што арачиновецот почнал да бега. Додека бегал слушнал истрели, но нема повредени.

„Алфите“ го уапсиле пукачот и против него ќе биде поднесена пријава. Извршен е увид на лице место и подигната е една чаура.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1