ГДОМ побара од судиите да не подлегнуваат на притисоците од СДСМ- масовен протест во Скопје


Селективната правда не е правда, не подлегнувајте на притисоци и не губете го образот порака до Основниот суд од ГДОМ. Народот во голем број застана во одбрана на градоначалникот на Битола Владимир Талевски на кого му е одреден 30 дневен куќен притвор. Граѓанското движење ја предаде декларацијата до Кривичниот и Апелациониот Суд. Порачаа, вашето спротиставување на заканите ќе биде потврда за независноста и непристрасноста.gdom zname

Професори и аналитичари му порача на Судот, Не дозволувајте луѓе како Заев да ве заплашуваат и да влијаат врз вашите одлуки, така го нарушувате вашиот кредибилитет и интегритет.

Покрај масовниот мирен собир, поддршка на улица дадоа и речиси сите градоначалници од Македонија. Трајановски побара од Судот да му овозможи на Талевски по редовна судска постапка да си ја докаже својата невиност. Скопскиот градоначалник го изрази својот и револтот кон СЈО поради селективниот пристап во предметите.

Граѓаните најавија следниот пат ќе дојдат во уште поголем број и сите заедно ќе влезат во Судот за да им биде објаснето, зошто Талевски не се брани од слобода. Потсетија за разлика од битолскиот градоначалник кој секогаш ги почитува судските органи и нема криминално досие а струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ Зоран Заев иако осомничен за Пуч е на сеуште на слобода. Од ГДОМ потсетија, Заев не одговара и е аболициран за криминал тежок 8 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1