Геј лобито го избрка папата од Ватикан


Според пишувањето на италијанскиот весник „Република“, папата Бенедикт Шеснаесетти ја напуштил функцијата поради извештајот во кој се наведува дека различни лоби-групи, вклучувајќи го и геј лобито, вршеле „непристојно“ влијание врз внатрешната политика на папата.

Papa-BenediktЧашата ја прелеале двете досиеја од 300 страници, што неколку кардинали му ги доставиле во декември минатата година. Во документите до детали се објаснува постоењето на геј лоби, уцени и корупција во Ватикан. Во тој момент тој ја донел одлуката. Досието се наоѓа во одаите на папата, и ќе го добие наследниот на Бенедикт.

Во извештајот се наведува и дека различни лобија во Ватикан постојано ги прекршувале шестата (не кради) и седмата заповед (не врши прељуба).

Шестата се однесува пред сѐ на Ватиканската банка, додека сексуалните престапи се поврзани со влијанието на активното геј лоби во Ватикан.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1