„Генералка“ во Соборен храм за целосно сликање


Ќе се чистат црнилото на фреските и с` уште ненасликаните ѕидови на храмот. Најголемиот дел од работите треба да биде завршен до Велигден

soborna crkvaВнатрешноста на Соборниот храм на МПЦ-ОА „Свети Kлимент Охридски“ во Скопје наскоро ќе добие нов лик откако деновиве почна чистењето на ѕидовите и на прозорците во храмот. Првата фаза од оваа активност предвидува да се сменат искршените и да се исчистат другите прозорци. На нив се наталожени наслојки од саѓите од свеќите за кои повеќе години било дозволено да горат во храмот.

По ова, ќе се чистат црнилото на фреските и с` уште ненасликаните ѕидови на храмот. Најголемиот дел од работите треба да заврши до Велигден.

– Во перспектива е и да се заврши сликањето на внатрешноста на храмот. Но, за да се почне со тоа, потребно е прво да се извршат поправките со кои ќе се попречи навлегувањето на влагата во храмот. Таа значително ги оштетува фреските – ни изјавија во Скопската епархија на МПЦ-ОА.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1