Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на средбата со премиерот Зоран Заев во Владата пристигна со „мерцедесот“ од 600 илјади евра за чија набавка на крајот на месецов на обвинителна клупа треба да седнат поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Столтенберг е последниот од високите странски функционери кои за време на нивните посети на Скопје се возеа во владиниот „мерцедес“ со регистарски таблички СК 2936 АЦ (SK 2936 AC).

Од високите гости од странство, прв во „мерцедесот“ седна поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, за време на неговата посета во јули 2012 година

Премиерот Зоран Заев лани, при гостување на Македонската радио-телевизија, кажа дека овој „мерцедес“ е оштетен од мачки и дека ќе се користи за превезување на странски делегации.

На 19 декември Владата соопшти дека „мерцедесот“ од МВР преминал во сопственост на Службата за општи и заеднички работи и дека почнала постапката за негово отуѓување и замена за болничка опрема.

Извор: Мета

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1