Генералот Стојанче и граѓани ќе соберат пари за да го спасат фармерот од Карбинци од лихвар и извршител


Достоинство на Стојанче Ангелов и граѓани ќе го спасуваат Ристе Бањоглав од лихварот кој преку извршител бара присилно иселување на петчленосто семејство од Долни Балван од нивниот дом, пишува Досие.мк

фото - фејсбук страна на Стојанче Анелов
фото – фејсбук страна на Стојанче Анелов

Откако ТВ Стар ја објави сторијата за проблемите на Бањоглави, логистичка и финансиска помош понудија од Достоинство:

„Имајќи ја во предвид лошата состојба во која се најде нашиот член Ристе Бањоглав, кој не по негова вина , западна во силни финансиски проблеми , како партија му овозможивме една финансиска помош од партијата, но повикавме и граѓаните кои се во можност да помогнат.Сите заедно ќе му помогнеме на Ристе да излезе од оваа ситуација во која се наоѓа , првиот проблем се финансиите, вториот човекот кој сега формално правно е сопственик на куќата да покаже малку човечност, бидејќи ние ќе му го исплатиме целиот долг“ изјави Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство.

“200-300 години ова е наше место, Турците не ни го зедоа а сега извршител сака да ни го земе” – мајка му на Ристе Бањоглав, баба Рајна {75). напиша Ангелов на фејсбук

Ристе Бањоглав, се нашол во животна невојла откако пред три години на заем зел 10.000 евра за подигање на стадо со кози и изградба на млин. Како гаранција тој под залог го дава земјиштето под својот имот, а лихварот веднаш предметот го дава кај извршител и бара присилно иселување на Бањоглави.

Оние кои сакаат да му помогнат на Бањоглав да си го спаси домот наследен од дедо и прадедо и каде тој со семсјтвото , меѓу кои и две малолетни деца и стара мајка, живее од раѓање, тоа можат да го направат со уплати на следната жиро сметка: 210501697441558, Тутунска банка, на име Ивана Бањеглав .

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1