И во Македонија оваа година сме сведоци дека за чудо и на овие ниски температури има комарци. Досега многупати се случувало низ голем број на региони на планетава, да бидат ослободени генетски модифицирани комарци, од 2010 до денеска.
Овие комарци се опасни – тврдат научници кои се поклоници на теориите на завери, сепак нивните тврдења не се толку наивни и ги поткрепуваат со докази.
Прстот го посочуваат во британска компанија за која откриле дека ги создава овие генетски модифицирани комарци. Наводно овие комарци не се за лошо туку за добро – не шират болести како обичните, а ја вршат неопходната улога во природниот ланец. Еве за што станува збор.
Творецот на истите Oxitec истите ги има пуштено во области со земјоделски површини каде што се одгледувале маслинки, лимони, домати памук и др.
Досега било објавено дека биле забележани на различни локации. И ова не е тајна, компанијата во официјално соопштение ја информирала јавноста дека ГМ комарци се пуштени на Кајмнаските Острови, Малезија, Бразил и на многу други места.
Oxitec е компанија која ги создава ваквите инсекти и е стационирана во Велика Британија.
Целта на компанијата е да креира глобален пазар, во кој што генетските модифицирани комарци ќе бидат пуштени низ целиот свет.
Ваквите инсекти треба да ги заменат природните, со надеж дека ќе бидат избришани сите болести кои што ги пренесуваат истите. Ова би претставувало застрашувачко, доколку се земе во предвид дека илјадници други животни во иднина би можеле исто така да бидат генетски изменети.
Поборниците за велат дека комарците годишно убиваат 1 милион луѓе што е повеќе од било кое животно, а со нивно генетско модифицирање кое е објаснето ОВДЕ ќе се исфрли тој ген кои го имаат за да пренесуваат маларија, жолта треска, dengue треската, elephantiasis (lymphatic filiriasis), chikungunya, како и други болести кои се пренесуваат по пат на крвта.
Oxetic е поддржана од страна на блиски до нејзе компании, кои што се занимаваат со производство на мултинационални пестициди и компании кои што произведуваат семиња.
Една од нив е Syngenta, компанија која е обвинета за прикривање на смртта на голем број на животни. И двете компании се заинтересирани за пазарот за земјоделски штетници и имаат во план да ги комерцијализираат генетските модифицирани инсекти низ целиот свет.
Особено страшно е тоа што при ослободувањето на идните модифицирани илјадници видови на инсекти не се земени во предвид, или тоа е многу до минималенстепен, проценките на ризик од ваквата идеја. Да не зборуваме за големиот број на негативни исходи кои би можеле да настанат од генетски модифицираните делови на биосферата.
Доктор Хелен Валас, Директор на GeneWatch од Велика Британија, вели дека јавноста би била шокирана доколку биде свесна за влијанијата на испуштање на ваквите инсекти без соодветен надзор.
Конфликтите на интереси треба да се отстранат од сите овие процеси, со цел јавноста да има вистински увид и се произнесе по ова прашање.
Со цел полесно да ги испушти ГМО инсектите, Oxitec, создалa регулативи низ целиот свет. Една од нив има влијание да ја контролира Европската безбедност на храната, формирана со цел да помогне во проценката на ризикот од ГМ инсектите.
Нацрт упатството за проценка на ризикот, покрај големиот број на конфликт на интереси, укажува и на ризикот дека ваквите гентески комарци (ГМ) би можеле да умрат во ларвовидна фаза, па мртов ГМ ларв би можел да naвлезe во синџирот на исхрана, во хранливите култури како маслинките доматите, компирите и др. Голем број на прашања од висок ризик кој што би можеле да му наштетат на начинот на живеење онакoв како што ние го знаеме не се соодветно третирани.
Исклучени се прашања од проценките на ризикот како што се човековиот имунитет, болести, можни исходи кои би произлегле од преживеаните ГМ комарци.
Се игнорираат сите етикетирања на користење на производи произведени од ГМ инсектите, и што истите би можеле да предизвикаат во средините каде што ќе бидат ослободени.
Нема начин да се контролира ниту нивното движење. Еднаш пуштени онаму каде што треба лесно може да залутаат и каде не треба.
Одделни научници тврдат дека овие комарци поспоро се размножуваат, но затоа пак се поиздржливи. Можат да живеат и без многу водни површини, и на пониски температури – звучи познато??
повеќе информации за ова на познатиот science магазин како и на следниот ЛИНК
ПОВЕЌЕ ЗА ГМО ВО МАКЕДОНИЈА НА – STOPGMO.MK